САД се во војна? Тие го вооружија Израел пред нападот

Соединетите Американски Држави тајно му доставија околу 300 ракети „Хелфајр“ на Израел, само неколку дена пред нивниот воен напад врз Иран, објави британскиот портал „Middle East Eye“.

Британскиот портал цитира двајца неименувани американски функционери кои изјавиле дека испораката на толку големи количества ракети „Хелфајр“ во вторник на 10 јуни укажува дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била „добро информирана“ за плановите на Израел да го нападне Иран.

Испораката на американските ракети „Хелфајр“ или, пак, друго големо количество оружје, пред вчерашниот напад на Израел врз Иран не беше претходно најавена. Ракетите „Хелфајр“, со нивната способност прецизно да гаѓаат и луѓе и инфраструктура, можеби значително ја зајакнале способноста на Израел да изврши напади во Иран, пишува денеска Техеран Тајмс.

За време на одмазднички ракетен напад на Иран во петокот вечерта, американските бродови во источниот Медитеран, вклучувајќи го и разурнувачот Томас Хаднер, и копнените системи Патриот и помогнаа на израелската противвоздушна одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни