САД се откажа од европските царини: Договор со Руте за Гренланд и Арктичка безбедност

Претседателот Трамп ја укина заканата за царини кон Европа по разговорите со Марк Руте, договорувајќи рамка за идниот безбедносен договор за Арктикот и идни преговори околу Гренланд.

На Светскиот економски форум во Давос, претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека се откажува од царините за осум европски земји. Ова претставува значителен пресврт, бидејќи претходно се закануваше дека сака да го „освои“ островот Гренланд, автономна територија која припаѓа на Данска.

Трамп порано најавуваше воведување царини доколку Гренланд не му биде предаден, но по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека се согласил за „рамката на идниот договор за безбедноста на Арктикот“.

Според американскиот претседател, во тек се дополнителни разговори за Гренланд и за противракетниот систем „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари, кој би овозможил за прв пат американско оружје да биде поставено во вселената.

Трамп веќе претходно се закануваше со царини, но во минатото се повлекуваше по реакции од берзите. Овој пат, повлекувањето следеше веднаш по неговиот говор во Давос.

Претседателот повтори дека САД ќе го бранат НАТО, но дека не е сигурен дали Алијансата ќе ги поддржи САД ако земјата биде нападната. Во одговор, Марк Руте јасно изјави дека Алијансата ќе стои зад САД доколку најмоќната членка биде нападната:

„Бидете сигурни, апсолутно. Вашите сојузници ќе бидат со вас.“

Набргу по овие изјави, Трамп ги укина царините за европските земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни