САД предупредува на „неизбежен“ напад од Хамас врз цивили во Газа

Американскиот Стејт департмент предупредува на можен „неизбежен“ напад од Хамас врз палестински цивили во Газа, што би го нарушило примирјето и мировниот процес.

Американскиот Стејт департмент денес издаде предупредување за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестински цивили во Газа.

„Тој планиран напад врз палестински цивили би претставувал директно и тешко прекршување на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат преку напорите на посредниците“, соопшти Стејт департментот.

САД изјави дека ги информирале поддржувачите на мировниот план за Газа за, како што велат, „веродостојни извештаи“ за планираниот напад.

Прва фаза од примирјето

Првата фаза од мировниот план меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на САД, е веќе во тек и се состои од: прекин на огнот и размена на заложници и затвореници.

„Ако Хамас нападне, ќе бидат преземени мерки за заштита на народот на Газа и за очувување на интегритетот на прекинот на огнот“, соопшти Стејт департментот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни