Обединетите Американски Држави се во моментов вториот најголем загадувач на животната средина во светот, по Кина, а историски гледано се најголемиот загадувач

САД повторно се повлекуваат од Парискиот климатски договор

Обединетите Американски Држави ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, соопшти Белата куќа веднаш откако Доналд Трамп положи заклетва и го започна со својот втор претседателски мандат, пренесува ФоНет.

Во соопштението не се наведува точен датум кога тоа ќе се реализира, но по поднесувањето на официјалното известување, ќе биде потребна една година за САД повторно да го напуштат договорот.

САД првпат го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но потоа администрацијата на Џо Бајден ја поништи оваа одлука и Америка повторно се приклучи на напорите за спречување на глобалното затоплување.

Се оценува дека денешното соопштение на новата американска администрација ќе нанесе сериозен удар на меѓународната соработка, чија цел е намалување на употребата на фосилни горива. Исто така, тоа би можело да охрабри други големи загадувачи, како Кина и Индија, да не ги почитуваат обврските што ги презеле.

Обединетите Американски Држави се во моментов вториот најголем загадувач на животната средина во светот, по Кина, а историски гледано се најголемиот загадувач.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни