Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави познатиот медиум Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.
Според написот на Блумберг, во тек се дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија утре во Женева
Некои извори велат дека е можно американски напад врз Иран да биде извршен во текот на викендот.
-Високи претставници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за напад, рече еден извор.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера јавно разговараше за можен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“.
Часови претходно, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби и нема да го направам“, кога беше прашан дали нападот врз Иран е неизбежен.