По ветото на Советот за безбедност на Обединетите нации од страна на Кина и Русија, Соединетите Американски Држави остро реагираа, нагласувајќи дека стратешки важниот Хормушкиот теснец не смее да се користи како инструмент за политички притисок или уцена.
Американскиот амбасадор во ОН Majkl Volc изјави дека теснецот е од клучно значење за глобалната економија и дека неговото затворање би имало сериозни последици за меѓународната трговија и енергетска стабилност.
Тој нагласи дека блокадата или ограничувањето на слободната пловидба претставува неприфатлив ризик, посочувајќи дека ниту една држава не смее да го користи морскиот премин како средство за политичка принуда. Според него, ваквите потези веќе долго време се познати тактики на опструкција од страна на одредени глобални актери.
Иако резолуцијата не беше усвоена поради противењето на постојаните членки со право на вето, САД порачаа дека ова не ги ограничува во евентуални понатамошни воени или безбедносни операции доколку ситуацијата ескалира.
Вашингтон оцени дека иницијативата на Бахреин и другите земји од регионот на Персискиот Залив е оправдана и насочена кон заштита на слободната трговија и енергетските рути.
Во услови на растечки тензии и блокади во стратешките поморски правци, Хормушкиот теснец останува една од клучните геополитички точки што може да влијае врз глобалната безбедност и цените на енергенсите.