САД планираат да ја контролираат Газа и да ја преселат целата популација, открива Washington Post

Според нацрт-план на администрацијата на Трамп, САД би ја презеле контролата врз Газа, би ја претвориле во туристичка зона и би преселиле два милиони жители. Израел го поддржува планот, додека ОН го осудуваат.

Според нов нацрт-план кој го разгледува администрацијата на Доналд Трамп, САД би ја презеле целосната контрола врз палестинската енклава Газа, која беше уништена во израелската војна против Хамас, објави денес „Washington Post“. Планот предвидува Газа да биде претворена во американски протекторат под управа на најмалку 10 години, со цел развој на регионот во туристичка и технолошка дестинација – наречена „блискоисточна ривиера“.

Документот од 38 страници, до кој дошол „Washington Post“, предлага „привремено преселување“ на сите два милиона жители на Газа – или во странски земји преку „доброволна“ миграција, или во строго контролирани безбедносни зони внатре во самата Газа, додека трае реконструкцијата.

На луѓето кои поседуваат земјиште ќе им се додели „дигитален токен“ во замена за правото на развој на нивната земја. Овие токени може да се искористат за започнување нов живот на друго место, или подоцна да се заменат за станови во планираните 6–8 нови „паметни градови со вештачка интелигенција“, кои би биле изградени во Газа според истиот план.

Истите лица што стојат зад планот се поврзани со американско-израелската хуманитарна фондација GHF (Gaza Humanitarian Foundation), која дели храна во енклавата, но која е критикувана од страна на многу организации за човекови права и од Обединетите нации.

Управувањето со Газа би било префрлено на ново тело наречено GREAT Trust. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе го поздрави предлогот, иако истиот е жестоко осуден од голем број европски и арапски земји.

Трамп неодамна одржал состанок за планирање на „постконфликтната Газа“, но Белата куќа сè уште нема објавено официјално соопштение или донесено конечна одлука.

Од друга страна, канцеларијата за човекови права на ОН извести дека од почетокот на активностите на GHF, израелските сили убиле над 1.000 Палестинци кои се обиделе да добијат храна. Речиси три четвртини од тие смртни случаи се случиле во близина на локациите за дистрибуција на помош поставени од GHF.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни