САД открија нов тип на птичји грип кај крави

Експертите рекоа дека ова покренува прашања за тоа колку широко се шири вирусот и ја нагласува тешкотијата да се контролираат инфекциите меѓу животните и луѓето кои работат со нив

Говедата кои се одгледуваат за млеко во американската сојузна држава Невада се заразени со нов вид птичји грип кој се разликува од верзијата којашто се шири во земјата од минатата година, соопштија американските власти.

Откривањето покажува дека најмалку двапати, во САД различни форми на вирусот, познат како тип А H5N1, од диви птици се пренеле на говеда

„Отсекогаш мислев дека преносот од птица на крава е многу редок настан. Изгледа дека можеби не е така“, рече Ричард Веби, експерт за грип во детската истражувачка болница „Сент Џуд“ во САД.

Верзијата на вирусот на птичји грип H5N1, позната како Б3.13, беше потврдена во март 2024 година, откако се рашири кај говедата кон крајот на 2023 година, велат научниците. Зарази повеќе од 950 стада во 16 држави.

Според американскиот оддел за земјоделство, новата верзија, позната како D1.1, беше потврдена кај говедата во Невада минатата недела, откако беше откриена во млекото собрано како дел од програмата за надзор започната во декември.

„Сега знаеме зошто е навистина важно да се тестира и да се продолжи со тестирањето“, рече Ангела Расмусен, експерт за вируси на Универзитетот во Саскачеван во Канада, која помогна да се идентификува првиот пренос.

Верзијата D1.1 на вирусот беше поврзана со првиот смртен случај во САД, како последица на птичјиот грип. Едно лице во Луизијана почина во јануари откако разви тешки респираторни симптоми по контакт со диви и птици од двор. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), најмалку 67 луѓе во САД се заразени со птичји грип, главно оние кои се во допир со млечни производи или говеда.

„Ако се покаже дека ова е нешто што преминало кај добитокот пред неколку месеци, неколку месеци е долго време за да не се открие“, вели Мајкл Вороби, еволутивен биолог од Универзитетот во Аризона во САД, кој го проучувал вирусот Х5Н1 кај говедата.

Тој додаде дека е важно федералните власти веднаш да споделат информации за вирус што има потенцијал да предизвика пандемија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни