САД, од полноќ воведуваат огромни царини: Белата куќа објави нова мерка против Кина

Белата куќа потврди дека САД ќе воведат тарифи од 104 отсто на кинески стоки почнувајќи од полноќ по локално време, што дополнително ќе ја ескалира трговската војна меѓу САД и Кина.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, потврди дека дополнителните царини од 50 отсто за кинески стоки ќе стапат на сила вечерва во 12:01 часот по средноевропско време.

„Тарифата стапува на сила вечерва во 12:01 часот. Така, всушност, утре“, рече Левит, на прашањето дали заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина ќе се оствари.

Пораката на Трамп до Кина

На дополнително прашање за евентуален договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Левит рече:

„Претседателот смета дека Кина сака договор со САД. Кина мора да постигне договор со САД. Не беше во ред да возвратат. Кога Америка е погодена, таа посилно возвраќа“, рече таа.

Ескалација на трговската војна

Минатата среда Трамп објави дополнителни 34 отсто царини за сите кинески увозни производи, со што вкупните царини се над 54 отсто. Кина тогаш одговори со воведување контра-тарифи од 34 отсто за американските стоки.

Трамп потоа предупреди дека ќе додаде уште 50 отсто од тарифите доколку Кина не ги повлече контрамерките до денешниот рок. Кина не го стори тоа, така што вкупната царинска стапка за кинески увоз во САД сега ќе биде 104 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни