САД воведоа нови санкции кон Иран со цел кон поединци и бродови

Американското Министерство за финансии воведе санкции кон повеќе од 30 лица, компании и пловни објекти поврзани со продажба на нафта и производство на оружје

Министерството за финансии на Соединети Американски Држави воведе нов пакет санкции поврзани со Иран, кои опфаќаат поединци, повеќе ентитети и бродови, соопштија американските власти.

Според соопштението, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), која функционира во рамки на Министерството за финансии, санкционирала повеќе од 30 лица, компании и пловни објекти.

Како што пренесува Ројтерс, санкционираните субјекти, според американските власти, овозможувале нелегална продажба на иранска нафта, како и поддршка за производство на балистички ракети и напредно конвенционално оружје.

OFAC, исто така, таргетирала мрежи кои ѝ помагаат на Иранската револуционерна гарда и на Министерството за одбрана и логистика на вооружените сили на Иран да обезбедат суровини и машинерија потребни за производство на ракети и друго вооружување.

Санкциите подразбираат замрзнување на средствата под американска јурисдикција и забрана за соработка со американски субјекти. Засега нема официјална реакција од иранските власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни