САД: Неопходно е што побрзо потпишување економско партнерство со Украина

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, се сретна со украинскиот премиер Денис Шмигал и министерот за финансии Сергеј Марченко, при што ја истакна итноста од склучување на економско партнерство помеѓу САД и Украина, соопшти Министерството за финансии на САД.

„Секретарот Бесент ја потврди поддршката на САД за суверенитетот на Украина и ја нагласи посветеноста на САД за обезбедување траен и стабилен мир за народите на Украина и Русија,“ се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Бесент посебно ја нагласил важноста за завршување на техничките разговори и потпишување на економското партнерство во најкус можен рок.

Овој потег доаѓа во време на засилени дипломатски напори за стабилизација на регионот и обновување на украинската економија.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни