САД со негативна нето-миграција во 2025 првпат по 50 години

Соединетите Американски Држави во 2025 година забележале негативна нето-миграција првпат по најмалку половина век, како последица на рестриктивните имиграциски политики на администрацијата на Доналд Трамп, покажува нов извештај.
Epaimages

Според извештајот објавен од Brookings Institution, а пренесен од ABC News, нето-миграцискиот биланс за 2025 година се движи меѓу –295.000 и –10.000 лица. Иако администрацијата презеде обемни мерки за отстранување на мигранти, истражувањето посочува дека негативната бројка главно е резултат на ограничениот влез во САД, а не исклучиво на депортациите.

„И покрај високото ниво на неизвесност околу политиките, веројатно е дека негативната нето-миграција ќе продолжи и во 2026 година“, се наведува во извештајот. Промената се припишува на комбинација од значително намален број нови влезови и засилени активности на органите за спроведување на законот, кои довеле и до присилни отстранувања и до доброволни заминувања.

Укинати програми и пад на визите

Негативниот тренд дополнително е засилен од одлуките на администрацијата на Доналд Трамп да суспендира голем дел од хуманитарните програми, вклучувајќи ги речиси сите бегалски програми – со исклучок на оние што се однесуваат на белото население од Јужна Африка. Истовремено, евидентиран е и значителен пад на бројот на издадени привремени визи.

Авторите на извештајот проценуваат дека во 2025 година биле отстранети меѓу 310.000 и 315.000 лица, што е пониска бројка од онаа што ја соопштува администрацијата. Од Department of Homeland Security (DHS) тврдат дека во рамки на акциите за сузбивање на имиграцијата досега биле отстранети повеќе од 600.000 лица.

Според Brookings, бројот на отстранувања во 2025 година не е значително поголем од оној во 2024 година, кога биле евидентирани околу 285.000 депортации. За разлика од претходната година, најголем дел од постапките во 2025 биле иницирани од U.S. Customs and Border Protection (CBP) од внатрешноста на земјата, а не од Immigration and Customs Enforcement (ICE), иако токму акциите на ICE доминираа во медиумите.

Прогнози и економски последици

Извештајот предвидува дека бројот на отстранувања би можел дополнително да порасне во 2026 година, со средствата од законот „One Big Beautiful Bill Act“, инициран од Трамп, за кој се оценува дека ќе овозможи проширување на инфраструктурата и човечките ресурси за построга примена на имиграциските правила.

Истовремено, авторите предупредуваат дека загубата на нето-миграција може да предизвика неочекувано слаб економски раст во одредени сектори, особено кај бизнисите што зависат од имигрантската работна сила и потрошувачка. Според проценките, забавувањето би можело да значи послаб раст на вработеноста, БДП-то и потрошувачката, со очекуван пад на потрошувачката од 60 до 110 милијарди долари во периодот 2025–2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни