САД не се подготвени да ги придружуваат танкерите низ Ормутскиот теснец

Според експертите морнарицата би можела да биде подготвена да започне со операции за придружба до крајот на месецот

Вашингтон можеби не е целосно подготвен за војна со Иран, затоа што што американската морнарица сè уште не е подготвена да ги придружува танкерите за нафта низ Ормутскиот теснец, според американскиот министер за енергетика Крис Рајт.

Рајт рече дека непосредниот фокус на војската останува на операциите против иранските офанзивни капацитети.

„ Тоа ќе се случи релативно наскоро, но не може да се случи сега.  Едноставно не сме подготвени. Сите наши воени средства во моментов се фокусирани на уништување на офанзивните капацитети на Иран“, изјави Рајт за CNBC.

Рајт рече дека морнарицата би можела да биде подготвена да започне со операции за придружба до крајот на месецот, додавајќи дека прашањето се дискутира со претставници на одбраната.

Инаку во последните 24 часа Иран ги интензивираше нападите врз танкери и карго бродови во Теснецот, а денеска беа погодени американски и германски танкери, причинувајќи сериозна материјална штета но и загадување на водите,

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни