САД ја продолжија лиценцата за работа на НИС

Од воведувањето на санкциите, НИС нема увоз на сурова нафта преку јадранскиот нафтовод, панчевачката рафинерија не работи од 2 декември, а Србија се потпира на државните резерви и увоз на деривати.

По 84 дена американски санкции за Нафтната индустрија на Србија (НИС), администрацијата во Вашингтон ја продолжи оперативната лиценца за работа на НИС до 23 јануари 2026 година.

Одлуката на САД следува по денешните разговори на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со OFAC (Канцеларија за контрола на странска имовина) и Сојузниот Стејт департмент, како и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Неофицијално, се очекува до тој датум да завршат и преговорите меѓу „Гаспром“ и унгарската компанија MOL за купување на рускиот мнозински удел во НИС.

Претседателот Вучиќ ќе даде повеќе детали за писмото од Вашингтон и за значењето на оперативната лиценца за НИС и за Србија, во своето обраќање пред граѓаните на Радио-телевизија Србија, најавено за утре.

Претходно, на 24 декември, OFAC издаде нова лиценца на НИС, со која се овозможуваат преговори за продажба на рускиот удел со продолжен рок до 24 март 2026 година. Потврдено е дека Русите преговараат за продажбата со MOL.

Од воведувањето на санкциите, НИС нема увоз на сурова нафта преку јадранскиот нафтовод, панчевачката рафинерија не работи од 2 декември, а Србија се потпира на државните резерви и увоз на деривати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни