САД ја повикаа Куба да ослободи 700 политички затвореници

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ги повика кубанските власти да ги ослободат повеќе од 700 политички затвореници, задржани под, како што вели, „неправедни и репресивни околности“.

„Ги повикуваме властите во Хавана веднаш да ги ослободат сите 700 неправедно притворени политички затвореници и ја охрабруваме меѓународната заедница да ни се придружи во барањето за одговорност на кубанскиот режим поради злоупотребите и неговото штетно влијание во регионот,“ стои во соопштението на Рубио.

Тој исто така изрази задоволство поради пристигнувањето на кубанскиот дисидент Хозе Даниел Ферер во Мајами, по неговото ослободување од притвор.

„Драго ни е што Ферер конечно е слободен од репресијата на режимот. По години на злоупотреби, тортура и смртни закани, тој денес е безбеден,“ се наведува во изјавата на американскиот државен секретар.

Овој повик доаѓа во момент на засилени тензии меѓу Вашингтон и Хавана, во услови на зголемена критика кон кубанската влада за прекршување на човековите права и ограничување на слободата на изразување.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни