САД ја одобри акцијата на ЦИА во Венецуела – Венецуела веднаш се закани

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела. Каракас остро реагираше и најави жалба до Советот за безбедност на ОН, обвинувајќи ги САД за обид за државен удар.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврдидека ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции на територијата на Венецуела.

„Дадов зелено светло за тие активности од повеќе причини, и мислам дека Венецуела чувствува се поголем притисок“, изјави Трамп, објаснувајќи дека еден од мотивите е тоа што Каракас ослободува голем број затвореници, вклучувајќи и лица од установи за ментално здравје, и ги испраќа кон САД.

Другата причина, според него, е значителното количество наркотици што, како што тврди, се пренесуваат од Венецуела во САД, главно преку морски патишта.

„Сега почнуваме да го надгледуваме копното, бидејќи морските патишта веќе се под многу добра контрола“, додаде претседателот.

На новинарско прашање дали една од тајните операции на ЦИА вклучува евентуално ликвидирање на претседателот на Венецуела, 63-годишниот Николас Мадуро, Трамп не даде никаков одговор.

Реакција од Венецуела

Венецуелската влада соопшти дека е длабоко загрижена поради изјавите на Трамп и најави поднесување жалба до Советот за безбедност на ОН.

„Дадов зелено светло за тие активности“, повтори Трамп, образложувајќи дека тоа го прави за да спречи прилив на дрога и нелегални мигранти од Венецуела, вклучително и ослободени затвореници и психички болни лица.

Венецуела оцени дека овие изјави претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, и објави дека веќе работи на официјална жалба.

Дополнително, венецуелските власти тврдат дека сите американски активности имаат за цел соборување на актуелната влада во Каракас и преземање на венецуелските нафтени ресурси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни