САД извршија уште 21 напад врз бродови во Пацификот: Расте бројот на жртви, наводни шверцери на дрога

САД извршија уште еден напад врз пловило во Пацификот, при што загинаа три лица. Ова е 21. напад од септември, а бројот на страдани надмина 80.

Најмалку три лица се убиени во нов напад на американската војска врз пловило кое наводно превезувало дрога во источниот дел на Пацифичкиот океан.

„Разузнавачките служби потврдија дека бродот бил користен за нелегална трговија со наркотici и се движел по добро позната рута“, соопшти Јужната команда на Пентагон.

Пловилото се наоѓало во меѓународни води кога било нападнато од Заедничката оперативна група „Јужно Копје“, пренесува Ројтерс. Ова е 21. напад на американската војска од септември врз пловила што наводно пренесуваат дрога.

Во нападите досега биле убиени повеќе од 80 луѓе.

Повеќе членови на Конгресот на САД, претставници на организации за човекови права и други ја оспоруваат законитоста на овие напади, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон има право да ги изведува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни