САД изгубиле една петтина од своите пеперутки во период од две децении

Падот е особено тежок во југозападните делови на САД, еден од најжешките и најсувите региони, каде што сушата се смета за главен фактор што ги оштетува пеперугите и нивните растенија-гостопримци.

Новото истражување открило дека популациите на пеперуткии во САД се намалиле за повеќе од 20% во последните две децении. Помеѓу 2000 и 2020 година, популациите паднале за 22%, според истражување од Универзитетот Бингхамтон во Њујорк.

Истражувањето, објавено во списанието Science, анализирало 12,6 милиони опсервации на пеперуткии од 76.000 анкети преку 35 програми за мониторинг. Целта била да се измери „обилноста”, односно бројот на индивидуи на одреден вид во специфична област и да се проценат трендовите на популацијата за 342 видови пеперуги.


Резултатите се загрижувачки, бидејќи една третина од видови бележат значителен пад. Некои видови, како што е пеперутката Julia’s Skipper, изгубила повеќе од 90% од својата популација. Во вкупниот број, 107 видови бележат пад од повеќе од 50%. Клучните видови кои се најпогодени вклучуваат Florida white, Hermes copper, tailed orange, Mitchell’s satyr и West Virginia white, имаат намалена обилност за повеќе од 98%.

Падот е особено тежок во југозападните делови на САД, еден од најжешките и најсувите региони, каде што сушата се смета за главен фактор што ги оштетува пеперутките и нивните растенија-гостопримци.

Причините за падот се поврзани со губење на живеалиштата, пестициди и климатски промени. Пеперутките играат клучна улога како опрашувачи, а нивниот пад може да ја наруши производството на храна и целосни екосистеми. Дополнително, пеперугите служат како индикатори за здравјето на животната средина, сигнализирајќи за пошироки еколошки проблеми кога нивните бројки опаѓаат.

И покрај загрижувачките бројки, има надеж за закрепнување. Експертите веруваат дека пеперутките можат брзо да се опорават благодарение на нивните кратки временски периоди на генерација. Едноставни активности за зачувување, како што се садење на диви цветови, намалување на употребата на пестициди или оставање дел од дворот немотен, можат да ги подобрат шансите за закрепнување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни