САД испраќа илјадници дополнителни маринци и морнари на Блискиот Исток, потврдија американски официјални претставници, во нов потег што укажува на зголемување на военото присуство во регионот.
Според информации објавени од Reuters, се распоредува борбена група предводена од амфибискиот јуришен брод USS Boxer, која вклучува експедициска единица на маринци и придружни воени бродови.
Распоредување предвреме
Извори наведуваат дека силите ја напуштаат западната обала на САД околу три недели порано од првично планираното. Засега не е прецизирано која ќе биде нивната конкретна мисија во регионот.
Овој потег доаѓа во момент кога администрацијата на американскиот претседател Доанлд Трамп разгледува дополнително зајакнување на воените операции на Блискиот Исток.
Контрадикторни пораки од Белата куќа
Само ден претходно, Трамп изјави дека „никаде“ не испраќа војска, додавајќи дека дури и ако тоа се случува, нема да ја информира јавноста.
Овие контрадикторни изјави создаваат конфузија околу реалната стратегија на Пентаго и плановите за ангажман во регионот.
Засилени тензии
Новото распоредување на сили доаѓа во услови на зголемени тензии поврзани со конфликтот меѓу Iran и западните сојузници, што дополнително ја усложнува безбедносната ситуација на Блискиот Исток.
Испраќањето на дополнителни воени сили сигнализира подготвеност на САД за потенцијална ескалација, но и обид за одвраќање во нестабилен геополитички контекст.
Извор: Index Vijesti