САД и Венецуела договорија повторно воспоставување на дипломатски односи

САД и привремената влада на Венецуела постигнаа договор за повторно воспоставување дипломатски и конзуларни односи, со цел стабилизација на земјата и постепен премин кон демократски избрана власт.

САД и привремените власти во Венецуела постигнаа договор за повторно воспоставување на дипломатските и конзуларните односи, соопшти американскиот Стејт департмент, истакнувајќи дека целта е создавање услови за мирен политички премин кон демократски избрана влада.

Во соопштението се наведува дека овој чекор треба да ги олесни заедничките напори за стабилизирање на земјата, зајакнување на економското закрепнување и поттикнување на политичкото помирување во Венецуела.

„Овој потег ќе помогне во нашите заеднички напори за промовирање стабилност, поддршка на економското закрепнување и унапредување на политичкиот дијалог во Венецуела“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Од Вашингтон додаваат дека нивниот ангажман е насочен кон поддршка на венецуелскиот народ во постепен процес што треба да создаде услови за мирен премин кон демократски избрана власт.

Односите меѓу двете земји почнаа постепено да се обновуваат по драматичните настани од почетокот на годината, кога американските сили го заробија поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, кој подоцна беше пренесен во САД за да се соочи со обвиненија.

По тие настани, функцијата привремен претседател ја презеде дотогашната потпретседателка Делси Родригез, која започна дипломатски контакти со Вашингтон и најави подготвеност за обновување на билатералните односи меѓу двете држави.

Оттогаш, САД и Венецуела постепено работат на повторно отворање на дипломатските мисии и на воспоставување нова рамка за соработка, по години на затегнати односи и прекин на дипломатските врски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни