САД и Украина постигнаа напредок: Доработен миrovен план со посилни безбедносни гаранции

САД и Украина го доработија мировниот план со посилни безбедносни гаранции; постигнат значаен напредок во преговорите во Женева

САД и Украина изготвија „дополнет и унапреден мировен план“ за ставање крај на војната со Русија, соопштија двете држави по новиот круг разговори во Женева, на кои учествуваа и претставници од Европа.

Според агенцијата „Ројтерс“, новата верзија на документот се темели врз претходниот американски предлог — кој Киев и сојузниците го оценија како премногу наклонет кон Москва — но сега содржи посилни безбедносни гаранции за Украина.

Во заедничката изјава, двете делегации ги опишуваат разговорите како „исклучително продуктивни“ и најавуваат продолжување на преговорите наредните денови. Детали за спорните точки, меѓу кои и прашањето за гаранциите за украинската безбедност, не се откриваат.

Белата куќа во одвоено соопштение потврди дека новиот план нуди засилени гаранции и дека украинската страна смета дека тој „целосно ги одразува националните интереси на Украина“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги предводи преговорите, изјави дека е „многу оптимистичен“ за можноста да се постигне конечен договор наскоро. Тој нагласи дека е направен значаен напредок, но дека има уште неколку клучни прашања што треба да се усогласат, пред планот да биде одобрен од претседателите Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

Разговорите продолжуваат веќе три недели, а темпото значително се забрза во последните четири дена, потврди Рубио. Извори блиски до процесот откриваат дека се разгледува и можноста за посета на претседателот Зеленски на Вашингтон во текот на оваа недела, каде би разговарал директно со Трамп за мировниот план. Засега нема официјална потврда за датум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни