САД ги укинаа санкциите за сирискиот претседател

Шара, кој некогаш беше висок функционер во ХТС и претходно поврзан со Ал Каеда, беше под санкции на ОН од 2014 година

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, донесе одлука со која се укинуваат санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал Шара.

Ден претходно истото го направија Велика Британија и Советот за безбедност на ОН, во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела.

Според објавата на веб-страницата на американското Министерство за финансии, санкциите се укинати и за сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб, а двајцата се избришани од листата на „специјално означени глобални терористи“, пренесува „Ројтерс“.

Шара, порано познат како Абу Мохамед ал-Џулани, стана претседател на Сирија во јануари откако бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го соборија Башар ал-Асад во молскавична офанзива.

Шара, кој некогаш беше висок функционер во ХТС и претходно поврзан со Ал Каеда, беше под санкции на ОН од 2014 година, вклучувајќи забрана за патување, замрзнување на средства и ембарго за оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни