САД ги проширија санкциите против лица и компании поврзани со Иран

САД воведоа нови санкции против ирански функционери и компании поврзани со режимот во Техеран, поради насилно задушување на протестите и кршење на човековите права.

Канцеларијата за контрола на странскиот имот при Министерството за финансии на САД (OFAC) денеска објави список на поединци и компании поврзани со Иран, против кои се воведени нови санкции.

„По наредба на претседателот Трамп, Министерството за финансии воведува санкции против клучни ирански лидери вмешани во бруталната репресија врз иранскиот народ. Ќе ги искористиме сите расположливи средства за да ги таргетираме оние кои стојат зад тиранијата и системското кршење на човековите права од страна на режимот“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.

На списокот објавен на веб-страницата на OFAC се наоѓаат вкупно 11 ирански државјани.

Петмина од нив се припадници на Иранската револуционерна гарда и полицијата, кои САД ги сметаат за „архитекти на бруталниот обрачун на иранскиот режим со мирните демонстранти“. Останатите лица се поврзани со веќе санкционирани компании.

Меѓу санкционираните се и двајца локални команданти на Револуционерната гарда, двајца команданти на локалната полиција, како и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, пензиониран бригаден генерал на Револуционерната гарда.

„Лариџани е одговорен за координација на одговорот на протестите во име на Врховниот лидер на Иран и јавно ги повикал иранските безбедносни сили да употребат сила за задушување на мирните демонстрации“, се наведува на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Во рамки на санкциите се опфатени и вкупно 12 компании – седум од Обединетите Арапски Емирати, три од Иран, една со седиште во Велика Британија и една од Сингапур.

Поголемиот дел од санкционираните фирми работат во секторите петрохемија, трговија и шпедиција.

Американското Министерство за финансии соопшти дека две од иранските компании се поврзани со тајна банкарска шема за меѓународни трансакции, која, како што наведуваат, „ѝ овозможува на иранската елита да краде и пере приходи од природните ресурси на земјата“.

На списокот на санкционирани субјекти се наоѓа и еден ирански затвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни