САД ги повика своите државјани итно да го напуштат Либан

Стејт департментот ги повика американските државјани да го напуштат Либан додека има комерцијални летови. Дел од европските авиокомпании веќе ги откажаа летовите по ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран.

САД во саботата ги повикаа своите државјани да го напуштат Либан додека сè уште има достапни комерцијални летови, во услови на растечки стравувања од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.

„Стејт департментот ги повикува американските државјани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијални опции“, објави американската амбасада во Бејрут на социјалната мрежа X. Истовремено, на Американците им е препорачано да не патуваат во земјата.

Меѓународниот аеродром во Бејрут засега останува отворен, но голем број летови се откажани.

Летовите кон и од Либан веќе ги суспендираа неколку големи европски авиокомпании, меѓу кои Lufthansa, Air France, KLM и Turkish Airlines.

Откажувањата следуваат по нападите на САД и Израел врз Иран, со што започна нова фаза на конфликтот во регионот. Иран возврати со напади врз Израел и врз повеќе американски цели во Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американски воени бази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни