САД евакуираа дел од персоналот на амбасадата во Израел и нивните семејства со воен авион

„Со оглед на моменталната ситуација и како дел од статусот на овластено заминување на членовите на амбасадата, персоналот на мисијата почна да го напушта Израел на различни начини.“

САД со воен авион евакуираа дел од персоналот на амбасадата и членовите на нивните семејства од Израел, објави CNN. Целосна евакуација на амбасадата официјално не е наредена, и сите дипломати и нивните семејства не се обврзани да ја напуштат земјата.

Оние кои заминале, според CNN, ја искористиле дозволата за доброволно заминување издадена за време на викендот, откако судирот помеѓу Израел и Иран се заостри. CNN додава дека некои американски државјани ја напуштиле Израел и по копнен пат преку Јордан.

Портпарол на американската амбасада изјави:
„Со оглед на моменталната ситуација и како дел од статусот на овластено заминување на членовите на амбасадата, персоналот на мисијата почна да го напушта Израел на различни начини.“

Амбасадата во вторникот соопшти и дека нејзините канцеларии ќе бидат затворени до крајот на неделата.

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави во средата дека САД работат на организирање евакуациски летови и заминувања со крузери за Американци кои сакаат да ја напуштат земјата.

Во вторникот, портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, објави дека е формирана работна група која работи 24 часа дневно за да одговори на тековниот конфликт, вклучително и обезбедување поддршка за американските граѓани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни