САД водат во глобалната трка за AI компјутерска моќ

САД поседуваат речиси половина од глобалната AI-компјутерска моќ. Персискиот Залив и Азија вложуваат, Европа заостанува. Следи нова дигитална ера.

Во 2025 година, вештачката интелигенција се мери според сировата компјутерска моќ и побарувачката за енергија, а најновите податоци покажуваат дека оваа моќ не е рамномерно распределена. Одредени држави поседуваат огромен број процесорски единици, додека други заостануваат и покрај значителните инвестиции.

САД на врвот

Според истражувањето на TRGDataCenters, САД располагаат со најголем удел во глобалната компјутерска моќ за вештачка интелигенција. Имаат околу 39,6 милиони H100-еквиваленти. Поседуваат над 5,7 милиони чипови, што е речиси половина од глобалната компјутерска моќ. Достапни се и речиси 20.000 мегавати електрична енергија за напојување на системите

Државите од Персискиот Залив градат капацитети

Обединетите Арапски Емирати се на второ место со над 23 милиони H100-еквиваленти и 188.000 чипови. Саудиска Арабија е трета со над 7 милиони еквиваленти и околу 54.000 чипови. Овие држави ја користат приходот од нафта за да ја изградат својата дигитална моќ.

Азиски земји

Јужна Кореја е четврта со 5,1 милиони еквиваленти и нешто над 20.000 чипови, Индија има речиси 500.000 чипови, но само 1,2 милиони еквиваленти, што ја позиционира на 6. место и Кина има над 628.000 чипови (втора најголема залиха по САД), но само 400.000 еквиваленти, поради користење на постари процесори

Позицијата на Европа

Франција со речиси 1 милион чипови има 2,4 милиони еквиваленти – 5. место. Германија, и покрај индустриската моќ, има само 51.000 еквиваленти и околу 32.000 чипови. Обединетото Кралство има 120.000 еквиваленти со 52.000 чипови а Финска бележи 72.000 еквиваленти со 82.000 чипови

Глобални капацитети и енергетски потреби

Во првите 10 земји, вкупната компјутерска моќ изнесува околу 79 милиони H100-еквиваленти, односно 79 ексафлопси.
Тоа е 70 пати повеќе од најбрзиот познат јавен суперкомпјутер.

За да се напојуваат овие системи на полн капацитет, би биле потребни околу 55 гигавати електрична енергија — што е еднакво на летниот врв на потрошувачка во Калифорнија или вкупната потрошувачка на Шпанија и Обединетото Кралство заедно.

Поширок контекст

Инфраструктурните трошоци за вештачка интелигенција годинава достигнаа околу 200 милијарди долари.

Некои влади се стремат да изградат резерви од чипови, други се фокусираат на обука на работна сила или политики за поттикнување на усвојувањето

Бројките покажуваат дека компјутерската моќ станува клучна мерка за влијание, обликувајќи го начинот на кој државите се подготвуваат за следната фаза на економска конкуренција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни