Обединетите нации пред финансиски колапс

Бербок ги прозва САД: 160 милиони не се доволни, ОН се пред финансиски колапс

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика Соединетите Американски Држави во целост и навреме да ја платат својата членарина, откако Вашингтон изврши делумна уплата што изнесува помалку од пет отсто од вкупниот долг кон светската организација.

„Секоја земја-членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме, а 160 милиони долари очигледно не претставуваат исплата на целиот долг“, изјави Бербок на прес-конференција во Женева, пренесува Ројтерс.

Претходно, Обединетите нации соопштија дека САД уплатиле околу 160 милиони долари, од повеќе од четири милијарди долари што ги должат.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека организацијата се соочува со „непосреден финансиски колапс“ поради ненаплатените членарини.

Финансиските обврски на земјите-членки се клучни за функционирањето на Обединетите нации, вклучително и мировните мисии, хуманитарните операции и административните трошоци на организацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни