САД депортира над 1,4 милиони луѓе, дел од нив во непостоечки држави

Според податоците на американската Служба за имиграција и царина, на списокот на недржавјани со конечни налози за депортација се наоѓаат 1.445.549 лица.

Меѓу нив, 166 се државјани на Босна и Херцеговина, 126 од Хрватска, 50 од Србија, 16 од Словенија и 294 од Унгарија.

Она што предизвикува најголемо внимание е дека на списокот има и луѓе кои формално треба да бидат вратени во веќе непостоечки држави – 845 лица во Југославија, 337 во СССР и 254 во Чехословачка.

Покрај тоа, САД планираат да депортираат 37.908 луѓе во Кина, 17.940 во Индија, 1.862 во Украина и 1.148 во Израел. Интересно е што 1.290 луѓе треба да бидат вратени во Канада, земја што според некои планови на поранешниот претседател Доналд Трамп би можела да стане американска сојузна држава.

Дел од лицата на списокот би можеле да завршат во озлогласениот затвор Гвантанамо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни