Трамп предупреди дека ќе ја преиспита одлуката да ја поштеди нафтената инфраструктура ако Иран го блокира Ормтскиот Теснец – Техеран закани со уништување на енергетски постројки поврзани со САД
Американската војска извршила масовно бомбардирање на иранскиот остров Карг, а набргу потоа проектил или дрон удрил во американската амбасада во Багдад – откако претходно двајца борци поддржани од Иран биле убиени во напади во ирачкиот главен град.
Трамп: „Едно од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток”
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на „Трут соушл”, непосредно пред да се качи во претседателскиот авион за Флорида, дека Централната команда на САД ги уништила сите воени цели на островот Карг. Трамп прецизираше дека нафтената инфраструктура не е таргетирана – но додаде директна закана: доколку Иран или кој и да е го попречи слободното движење на бродовите низ Ормушкиот Теснец, таа одлука може да се промени.
Проектил во амбасадата, чад над Багдад
Непосредно по бомбардирањето, амбасадата на САД во Багдад беше погодена – Ројтерс и АП јавуваат за проектил, АФП наведува напад со дрон. Нападот дошол кратко откако двајца про-ирански борци биле ликвидирани во ирачката престолнина.
Иран: „Ќе претвориме во пепел сè поврзано со САД”
Иранската војска реагираше со директна закана: нафтената и енергетската инфраструктура на компании кои соработуваат со Вашингтон ќе биде уништена доколку американски напади погодат ирански енергетски објекти.