САД ја удвоија наградата за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро

Претходно, во јануари оваа година САД нудеа награда од 25 милиони долари, односно двојно помалку од сегашниот износ
Фото: Jeso Carneiro/Flickr

Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди.

Претходно, во јануари оваа година САД нудеа награда од 25 милиони долари, односно двојно помалку од сегашниот износ.

Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа.

Тоа е најголемата награда што САД некогаш ја понудиле, изјави заменик државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на платформата X. Наградата е двојно поголема од понудата за основачот на терористичката мрежа Ал-Каеда, Осама бин Ладен, додаде тој.

Набргу потоа, Каракас остро го осуди зголемувањето на сумата.

„Кутрата ‘награда’ е најсмешната димна завеса која некогаш сме ја виделе“, изјави венецуелскиот министер за надворешни работи, Иван Гил, на Телеграм, додавајќи дека тие ја отфрлаат како што кажа, „оваа сурова политичка пропагандна кампања“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни