Со Марко Маринковиќ – Слаткар

СЛАТКАР: Не сакам да возам кон ендек само затоа што мнозинството вози во тој правец

Сакам спот со 10 ферарија, пет бентлија и прајвет џет пун п.чки, ха ха ха… Ако се нафурам може да успеам и да си го приуштам тој пораз. Нашите желби треба да бидат усогласени со нашата пазарна вредност. Се’ друго се филмови, да не речам порничи.

Трн: До кога со музика, има ли крај песнава?

Слаткар: Па најверојатно нема, верувам дека ќе создавам додека сум жив, а верувам и дека дел од напишаното ќе остане многу години после нашето физичко суштествување.

Трн: Кога спиеш рецитираш во сон или таму шепотиш?

Слаткар: Многу зборам во сон, монолози кои траат и по неколку минути. Е сеа, ако земеме предвид дека старите порано ни викаа: „Вие не пеете, вие зборите„ може да се каже дека рецитирам и во сон.

Трн: Ако не беше рап изведувач, во што друго се препознаваш?

Слаткар: Си замислувам колку би бил глув и сив животот без музика и размислувам со што би се бавел… Ние сме трговци на емоции, веројатно би тргувал во некоја потивка околина.

Трн: Сакаш некој да ти рапува тебе?

Слаткар: Па ми рапуваат моите, али онака на шала.

Трн: Што е она што отсекогаш си сакал да го имаш во спот, а не си успеал?

Слаткар: 10 ферарија, пет бентлија и прајвет џет пун п.чки, ха ха ха… Ако се нафурам може да успеам и да си го приуштам тој пораз. Нашите желби треба да бидат усогласени со нашата пазарна вредност. Се’ друго се филмови, да не речам порничи.

Трн: За кого сакаш да напишеш текст и заедно да го изведете?

Слаткар: Сакав и напишав текст за една песна каде ми гостува Владо Јаневски. Песната е снимена и ќе излезе наредната година на мојот нов албум. Владо е поетиште.

Трн: А кој текстописец би сакал да ти подари текст?

Слаткар: Јас би сакал Владо од Ластовица, кога бил на мои години, да ми напише текст за да го испеам.

Трн: Каква музика избираш да слушаш?

Слаткар: Па слушам се’ што ми се допаѓа, жанровски сум ослободен и слушам свашта.

Трн: Си имал твоја песна на „рипит“ и со денови низ неа си го прелистувал твојот живот?

Слаткар: Скоро сите тазе демоа ми се на рипит 24/7, но мислам дека песни како Да Полетам, Тик Так, Разговор со совеста, Милион, и после 30 години би можел да ги слушам со воодушевување.

Трн: Со последните песни не пропушташ да наметнеш општествени теми, кои некому се непријатни, или тоа е твојот глас за подобро општество?

Слаткар: Пробувам да не се мешам, но не можам да си помогнам, појако е од мене. Не можам да прифатам дека треба да возам на кај ендек само затоа што мнозинството вози во тој правец.

Трн: Продолжуваш да зборуваш низ музиката или веќе кажано е се?

Слаткар: Секој нов ден е приказна што можеш да ја искористиш доколку си опседнат со тоа што го работиш. Опсесијата често се заменува со инспирација и доаѓа до забуна. Не сум кажал ни пола од тоа што треба да се каже…

Трн: Омилен стих што те прави победник или стих што те прави поразен?

Слаткар: Лесно е да дојдеш до внимание, но тешко е да дојдеш до влијание.

-Ајде кадијо суди ме, еве мирно ти стојам подобро убиј ме, само немој у појам.

Трн: И кога веќе песната нема крај, за крај дај запеј ми нешто…

Слаткар: Не сум пејачиште иначе би ти запеал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни