С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „DAS IST WAS WALTER“. Дел од Фестивалот ќе бидат и Игор Џамбазов придружуван од Гуру харе со неговиот бенд и ЕКС-ЈУ ретроспективата на Rootboy Selector. Јубилеј слави и домаќинот – „Фреш унион“, полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура помеѓу младата и повозрасната популација.
С.О.С. фестивалот е закажан на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. како и анегдоти од над 30-годишната кариера..
Влезниците за С.О.С фестивалот во Битола ќе бидат пуштени во продажба од 25 Април онлајн преку мрежата на mktickets.mk. и продажните салони на mktickets.mk