Сѐ помалку луѓе одат во кино

Во 2024 година, ширум светот се продадоа 4,8 милијарди влезници за кино, што е за 500 милиони помалку во споредба со 2023 година – што претставува пад од 8,8%, според податоците на Европскиот аудиовизуелен опсерваториум (EAO), објавени на конференција во рамки на Филмскиот маркет во Кан.

„Ова е прв пад во продажбата на билети од пандемијата наваму,“ изјави Мартин Канцле од EAO. Иако по катастрофалната 2020 година бројките растеа, сепак оваа година е забележан значителен пад.

Приходот од кино-продажба во 2024 година се проценува на 28 милијарди евра, а посетеноста на кината моментално изнесува 68% од нивото во 2019 година, додека во 2023 та бројката беше над 70%.

Европа стои подобро од остатокот од светот – со 75% од посетеноста во споредба со 2019, а бројот на продадени карти е намален за само 1,7%. Спротивно на тоа, Кина – најголемиот кинематографски пазар во светот со 21% удел – бележи пад од дури 22%.

Франција и Ирска се издвојуваат во Европа со висок просечен број гледачи по жител.

Кога станува збор за продукција, 81% од сите филмови доаѓаат од само три земји: САД, Кина и Индија. За разлика од кинеските и индиските филмови кои главно се прикажуваат на домашниот пазар, американските филмови имаат глобална дистрибуција. Од 20-те најгледани филмови во европските кина – 18 се американски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни