Сѐ или ништо за Македонија: Вечерва против Романија за место во главната фаза

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:00 часот во Хернинг го игра клучниот натпревар од последното коло во групата Б на Европското првенство, каде противник е селекцијата на Романија.

По поразот од Данска и ремито со Португалија, „црвено-жолтите“ сè уште се во игра за пласман во главната фаза, но математиката е јасна – победа е императив. Освен триумф над Романија, македонската селекција ќе мора да го следи и исходот од натпреварот Данска – Португалија, кој ќе го даде конечниот расплет во групата.

Селекторот Кирил Лазаров го потврди составот за вечерашниот дуел. Ново име во тимот е левото крило Гоце Ојлески, кој добива шанса во еден од најважните натпревари на турнирот. Во ростерот се најдоа и Иван Џонов, иако се повреди на мечот со Португалија, како и Никола Маркоски, кој претходно доби црвен картон.

Македонија вечерва игра не само за бодови, туку и за продолжување на европскиот сон – со поддршка од трибините и надеж дека резултатите ќе се поклопат во наша корист.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни