Сѐ е спремно за настап на Butel 3×3 на Светското Red Bull Half Court финале во Њујорк!

На овој уникатен глобален финален турнир, свое учество ќе земе и тимот на Butel 3×3, националниот Red Bull Half Court шампион, кој во месец јуни победи на второто издание на Red Bull Half Court во Скопје. 
Winners rejoicing and posing for a portrait during Red Bull Half Court in North Macedonia on June 15, 2024. // Kristijan Arsovski / Red Bull Content Pool // SI202406170455 // Usage for editorial use only //

Од 19 до 20 октомври, во легендарниот Brooklyn Bridge Park во Њујорк ќе се сретнат најдобрите помеѓу најдобрите улични кошаркари од цел свет со една цел – Светско финале на Red Bull Half Court 2024! 

Познат како епицентар на уличната кошарка и култура, Њујорк оваа година ќе биде домаќин на Светското финале на најбрзата 3×3 улична кошарка во светот, играна од најдобрите улични кошаркари на глобално ниво или со еден збор – Red Bull Half Court! 

На овој уникатен глобален финален турнир, свое учество ќе земе и тимот на Butel 3×3, националниот Red Bull Half Court шампион, кој во месец јуни победи на второто издание на Red Bull Half Court во Скопје. 

Во конкуренција од 16 екипи, тимот на Butel 3×3 со тројка во последните секунди од финалето издвојува победа на националното издание на Red Bull Half Court и си обезбеди карта за Светското финале во Њујорк. 

Оваа година повеќе од 6.500 учесници од 20+ држави беа дел од Red Bull Half Court турнирите низ светот, а на 20 октомври само еден тим ќе се закити со титулата – Светски Red Bull Half Court шампион

Резултатите, како и сите новости од Светското финале во Њујорк ќе можат да се следат во живо на официјалната страна на Red Bull Half Court и на нивниот Instagram профил.

Патот до титулата е поделен во две фази, распределени во два компетитивни дена. Првиот ден, на 19 октомври, ќе се игра групната фаза, а ден подоцна, на 20 октомври ќе се игра големото Светско Red Bull Half Court финале. 

Правилата на игра остануваат исти, секоја игра се игра 10 минути21 поен е максималниот број на поени што можат да се освојат и новитет за оваа година е воведувањето на зоната за три поени т.е. шутот за три поени официјално е признаен и истиот се бодува.

Како за крај, отворен повик до сите љубители на уличната кошарка да ги бодрат настапите на Butel 3×3 на Светското финале на Red Bull Half Court преку официјалниот Instagram профил на Red Bull Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни