Сѐ повеќе милионери во Америка: Поради зголемувањето на бројот на богати, едно занимање оди во дефицит

Најновата студија спроведена во САД покажа дека поради зголемениот број милијардери во таа земја, до 2034 година може да има недостиг од дури 100.000 финансиски советници, објавија денеска медиумите.

Дека денес во светот има сѐ повеќе ултрабогати поединци потврдува и најновата листа на магазинот „Форбс“, според која во 2025 година во светот има 3.028 милијардери, чие заедничко богатство е 16,1 трилиони долари.

Оваа бројка на милијардери досега не е слушната, па услугите на финансиските советници се повеќе се бара. Како што пренесува CNBC, проблемот е што стапката на зголемување на бројот на милијардери не е во чекор со бројот на финансиски советници, па наскоро нема да ги има доволно.

Во најновата студија на американската компанија „МекКинси“ се посочува дека останува отворено прашањето дали понудата може да одговори на растечката побарувачка за овој тип на експерти. Бројот на финансиски советници во САД порасна за само 0,3 отсто годишно во последните 10 години, а се очекува да се намали за 0,2 отсто во наредните години поради пензионирањето на многу професионалци, додека нема доволно нови.

Фирмата „McKinsey“ укажува дека до 2034 година може да има недостиг од 90.000 до 110.000 експерти. Овој тренд не е ограничен само на САД, бидејќи се потешко е да се најдат финансиски советници и во Европа.

Ова не се случува само поради зголемениот број богати луѓе, туку и поради тоа што многу европски семејни компании не се задоволни од квалификациите на постоечките советници. Менаџментот на компаниите кои водат семеен бизнис се многу напорни во овој поглед, а работата оди кај оној во кој имаат најголема доверба. Оттука, наоѓањето и ангажирањето финансиски советници ќе стане голем предизвик за компаниите во иднина, особено во САД, заклучува студијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни