Науседа објави дека Министерството за надворешни работи на Литванија ќе ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус за да им врачи официјален протест. „Ова е очигледно прекршување на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија. Повторно се потврдува колку е важно зајакнувањето на европската противвоздушна одбрана“, напиша претседателот на социјалната мрежа X.
Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу Москва и балтичките земји, кои сè погласно изразуваат стравувања дека руската агресија врз Украина може да има пошироки безбедносни последици. Последниве недели регионот е сведок на низа мистериозни инциденти со дронови и повеќекратни навлегувања на руски воени летала во воздушниот простор на земјите членки на НАТО.
Иако официјална Москва ги негира обвинувањата, европските аналитичари предупредуваат дека Русија можеби намерно ги тестира реакциите на Алијансата. Дел од западните држави дури ја обвинија за водење „хибридна војна“ во Европа — преку комбинација на воени провокации, сајбер-напади и дезинформациски кампањи.
Новата повреда на воздушниот простор на Литванија ја нагласува кревката безбедносна рамнотежа во североисточна Европа и уште еднаш ја става во фокус потребата од координиран одговор на НАТО во одбраната на границите на Алијансата.
Извор: N1info.rs
