Руски сили го нападнаа Херсон, две лица загинаа

Две лица загинаа откако руски сили утрово гаѓале во Херсон, соопшти началникот на Обласната воена управа на Херсон, Александар Прокудин.

„Утрово Русите убија две лица во Херсон. Како резултат на непријателските удари во Дњепарскиот округ на градот, маж и жена претрпеа смртоносни повреди. Тековно се врши идентификација на починатите“, напиша Прокудин на Телеграм, пренесува Ukrinform.

Русија ноќеска гаѓаше Украина со 95 јуришни дронови од различни правци. Силите за противвоздушна одбрана успеале да соборат 80 непријателски дронови, додека 15 ударни дронови погодиле 8 локации, вклучувајќи и делови од соборените дронови кои паднале на две локации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни