Во воздушниот напад на руските сили врз градовите Запорожје и Одеса во јужна Украина утрово, најмалку едно дете било повредено. Беспилотни летала погодија различни локации во градот, оштетувајќи станбени згради, трговски центри, продавници и автомобили, а избувнаа и три големи пожари.
– Според првичните извештаи, шест лица се ранети, меѓу кои и едно дете – изјави Иван Федоров, шеф на воената управа на регионот.
Нападот во Запорожје и Одеса се случи денови откако американскиот претседател, по неговите разговори со рускиот колега, имаше телефонски разговор со украинскиот претседател. Во разговорот со украинскиот претседател шефот на САД му предложил САД да управуваат со украинските електроцентрали како безбедносна гаранција.
На социјалните мрежи беше објавено дека непосредно пред полноќ биле снимени четири експлозии. Спасувачките екипи сè уште трагаат по жртви. Во изјавата се вели дека ова може да биде безбедносна гаранција за Украина.
На онлајн брифинг со новинарите, Зеленски изјави дека разговарал со Трамп за можноста Америка да помогне во обновата на нуклеарната централа Запорожје.
– Водовод, технички персонал и уште многу чекори за да се осигураме дека за година ипол до две ипол години оваа централа ќе почне да носи пари и струја за луѓето. Тоа е мојата визија – рече Зеленски.
Путин и Трамп во претходен телефонски разговор зборуваа за можноста за 30-дневен прекин на огнот во Украина и формирање експертски тимови за преговори. Една од договорените работи во разговорот, размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина беше исполнета.
Русија и Украина разменија по 175 заробеници од двете страни. Следната американско-руска средба е најавена во Ријад за во понеделник, 24 март.