Украинските власти соопштија дека ноќеска Русија извршила масовни напади со беспилотни летала и ракети врз енергетската инфраструктура во неколку региони на земјата.
Главни удари биле насочени кон Одеса, Херсон и Донецк, каде повеќе од 50.000 домаќинства останале без струја и греење. Според податоци од компанијата за електроенергија DTEK, дел од мрежата е целосно оштетена, а поправките се одвиваат под тешки услови.
Украинската противвоздушна одбрана соборила над 80 дронови, но дел од нив сепак успеале да погодат термоцентрали и дистрибутивни станици.
Министерот за енергетика изјави дека нападите се „дел од систематски обид да се замрзне земјата и да се скрши духот на цивилите“.
