Петмина повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Меѓу повредените има и дете – запалени стамбени објекти, бензинска пумпа и повеќе возила, соопштија украинските власти.
Руски напад одеса
Photo: AP Photo/Kateryna Klochko

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад со дронови врз регионот на Одеса, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Во нападот избувнале пожари на повеќе локации, вклучително и во стамбени згради, бензинска пумпа со паркирани автомобили и административен објект.

Властите информираат дека се оштетени и приватни куќи, како и неколку товарни возила. Началникот на регионална воена управа во Одеса, Олег Кипер, потврди дека една приватна стамбена зграда е делумно уништена, како и соседните објекти, поради силата на ударот.

Екипите за итни интервенции веднаш излегле на терен, а пожарите се ставени под контрола. Украинските служби предупредуваат дека руските напади со дронови продолжуваат да претставуваат сериозна закана за цивилната инфраструктура во јужните региони на земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни