Три руски МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор – дрска провокација за НАТО

Инцидентот траеше 12 минути со исклучени транспондери; Естонија побара консултации според Член 4 од НАТО.

Естонија обвини дека три руски ловци МиГ-31 во петокот навлегле во нејзиниот воздушен простор над Финскиот Залив, каде останале околу 12 минути без дозвола. Авионите летале без план за лет, со исклучени транспондери и без контакт со цивилната контрола на летање.

НАТО реагираше со итно полетување на авионите F-35 од мисијата Baltic Air Policing, а Естонија побара консултации според Член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува разговори меѓу сојузниците во случај на закана за безбедноста.

Талин го повика рускиот амбасадор на разговор и го нарече случајот дрска провокација и „невидена повреда на суверенитетот“.

Од руската страна стигнаа негирања: Министерството за одбрана во Москва тврди дека летовите биле „рутински“ и дека авионите се движеле над неутрални води без да ја преминат границата.

Европските партнери и НАТО сојузниците ја осудија ситуацијата како опасен инцидент кој го тестира источното крило на Алијансата во услови на зголемени тензии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни