Руски крипто милионер и неговата сопруга пронајдени мртви во Дубаи

Роман Новак бил познато име во Санкт Петербург, каде што ги измамувал инвеститорите за милиони долари преку разни крипто проекти

Рускиот крипто милионер Роман Новак, претходно осуден за измама од повеќе милиони долари, бил киднапиран и убиен во Обединетите Арапски Емирати заедно со неговата сопруга Ана по неуспешен обид за изнуда.

Двојката била намамена на лажен деловен состанок што се претворил во смртоносно киднапирање со цел да се преземе контролата врз неговите дигитални средства, пишува CryptoSlate .

Судбоносна средба и брутално убиство

Роман Новак бил познато име во Санкт Петербург, каде што ги измамувал инвеститорите за милиони долари преку разни крипто проекти. Откако беше осуден на шест години затвор за измама во 2020 година, тој се пресели во Дубаи. Таму, тој лансираше нова крипто апликација, Fintopio, и наводно собра стотици милиони од нови инвеститори.

На почетокот на октомври, Новак и неговата сопруга тргнале на состанок со наводни инвеститори во близина на градот Хата, недалеку од границата меѓу ОАЕ и Оман. Сепак, откако ги смениле возилата и го отпуштиле возачот, тие исчезнале без трага.

По неколку дена без контакт, семејството на Новак ги известило властите. Руските и емиратските власти започнале истрага, сомневајќи се дека двојката била намамена во изнајмена вила под лажни изговори.

Киднаперите се обиделе да го принудат Новак да му го предаде пристапот до неговите значајни средства со криптовалути, кои наводно биле чувани во дигитални паричници поврзани со неговата апликација и претходни измами.

Кога не успеаја да ги дофатат парите, исходот беше трагичен. Роман и Ана беа убиени, а според руските медиуми, нивните тела беа пронајдени распарчени во контејнери во близина на трговскиот центар Хата. Кратко потоа, седум осомничени беа уапсени во ОАЕ и Русија, вклучувајќи неколку лица од Санкт Петербург и едно од Казахстан.

Тие се соочуваат со обвиненија за убиство и финансиски криминал. Таткото и маќеата на Ана отпатувале во Дубаи за да се грижат за малолетните деца на двојката, кои останале сирачиња

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни