Руски дронови погодија станбена зграда во Харков, има повредени

Руски дронови погодиле станбена зграда во Харков. Седум лица се повредени, 22 жители евакуирани, а пожар избувнал по нападот.
Пакистан со дронови ја нападна Индија

Руски напади со дронови погодиле станбена зграда во Харков, вториот најголем град во Украина. По ударот избувнал пожар, а повеќе лица се повредени, јавува Reuters. Дел од населението е евакуирано.

Според локалните власти, дроновите по полноќ погодиле два централни градски округа – Слобидски и Основјански.

Седум повредени, 22 лица евакуирани

Регионалниот гувернер Олег Синјегубов изјави дека во нападот биле употребени 11 дронови и дека седум лица се повредени.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, посочи дека 22 жители биле евакуирани од делот на оштетената станбена зграда.

Терехов додаде дека уште еден дрон погодил простор пред медицинска установа, при што бил повреден лекар и била оштетена зградата, како и неколку возила во близина.

Харков и натаму под постојани воздушни напади

Харков, кој се наоѓа околу 30 километри од руската граница, успеа да одолее на руското заземање во првите фази од инвазијата во февруари 2022 година. Од тогаш, градот е редовна цел на руските воздушни напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни