Босанска музичка група Дубиоза колектив препознатливи по мешавина од реге, даб, алтернативен рок, ска и хип-хоп, со текстови кои содржат силни социјални и политички пораки на интересен начин го прикажаа балканскиот менталитет на првиот ден од новата година.
Во 30 секунди Дубиоза го прикажува целиот терк на 1 јануари, а видеото за кратко време ги освои социјалните мрежи.
Дел од корисниците при споделувањето на објавата ги тагираат своите блиски пријатели со цел да се пошегуваат и да си ги направат празниците повесели.