Дeл од фабриката на „Филип Морис“ во Харков е оштетен во синоќешниот руски ракетен напад, објави украинската филијала на компанијата, пишува „Украинска правда“ .
Итните служби се на местото на настанот и пожарот се гаси. Според првичните извештаи, во нападот нема жртви.
Фабриката не работи од почетокот на инвазијата.
Компанијата изјави дека фабриката во Харков не работи од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во 2024 година, Филип Морис отвори нова фабрика во регионот Лавов, каде што 250 вработени беа преместени од фабриката во Харков.
Доцна синоќа Русите ја нападнаа Украина со балистичка ракета „Искандер-М“ и 111 борбени беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Соборени се 80 беспилотни летала, но регистрирани се и погодоци.
