Русите ја нападнаа Одеса

Во Одеса, началникот на градската воена управа Серхиј Лисак изјави дека рускиот напад погодил инфраструктура и предизвикал прекини во снабдувањето со струја, вода и греење во „густо населен дел од градот“.

Во руските напади во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса синоќа е убиена една жена, додека еден дел од градот останал без електрична енергија и други комунални услуги, соопштија официјални лица.

Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, објави на Телеграм дека руски дрон усмртил жена која со автомобил го минувала мостот југозападно од Одеса. Во истиот инцидент биле повредени нејзините три деца.

Гувернерот апелира да престане блокадата на патиштата

Кипер ги замоли жителите на регионот, кои се соочуваат со долготрајни прекини на електричната енергија, да покажат трпение и да престанат со блокирање на патиштата како форма на протест. Тој истакна дека итните служби работат деноноќно за да ја обноват снабденоста со струја.

Во Одеса, началникот на градската воена управа Серхиј Лисак изјави дека рускиот напад погодил инфраструктура и предизвикал прекини во снабдувањето со струја, вода и греење во „густо населен дел од градот“.

Едно лице е повредено, а итните служби работат на нормализирање на снабдувањето. Украинските гранични власти соопштија дека руските напади го прекинале сообраќајот по рутата што ја поврзува Одеса со пристаништето Рени на реката Дунав.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни