Кина ја разгледува можноста за изградба на нуклеарна електрана на Месецот за да обезбеди енергија за Меѓународната лунарна истражувачка станица (ИЛРС), заеднички проект со Русија.
Овој план беше откриен порано оваа недела за време на презентацијата на Пеј Жаоју, главниот инженер на кинеската мисија Чанг’e-8.
Мисијата Чангe-8, планирана за 2028 година, претставува клучен чекор во амбициозниот вселенски програм на Кина, чија цел е да испрати астронаути на Месецот до 2030 година и да постави постојана населена база на неговата површина, пренесува Independent.
Мисијата ќе постави темели за оваа база, вклучувајќи истражување на можностите за напојување со енергија. Иако нуклеарната електрана се разгледува како главна опција, на презентацијата на Пеј Жаоју беа претставени и алтернативни методи за снабдување, како што се големи соларни панели поставени на површината на Месецот и цевководи и кабли за распределба на топлина и електрична енергија низ базата.
Кина планира преку мисијата Чангe-8, со помош на ракетата Лонг Марч 5, да спроведе проект во две фази. Првата фаза вклучува испраќање роботи, ровери и специјални модули на Месецот, кои ќе проучуваат ресурси, терен и други податоци неопходни за изградба на базата.
Втората фаза, планирана за 2030 година, предвидува испраќање двајца кинески астронаути во вселенските бродови Менгжоу и Ланјуе, за да започнат подготовка за човечка колонизација и изградба на база. Соработката помеѓу Кина и Русија на изградба на нуклеарен реактор на Месецот до 2035 година, што го најави Роскосмос во 2024 година, покажува сериозна посветеност на долгогодишно истражување на Месецот и функционирање на станицата ИЛРС.
Фактот дека нуклеарната електрана беше спомената во официјалната кинеска презентација упатена до официјални лица од 17 земји и меѓународни организации кои учествуваат во ИЛРС проектот, јасно покажува дека Пекинг ја поддржува оваа идеја, иако таа никогаш не била официјално објавена.
Временскиот план на Кина за изградба на база на јужниот пол на Месецот се поклопува со американскиот, значително амбициозниот програм Артемис, со кој НАСА планира да ги врати американските астронаути на Месецот во декември 2025 година, со долгoročен цел за воспоставување на постојана база.
Ву Веирен, академик на Кинеската академија за инжењерство и главен дизајнер на кинескиот лунарен програм, изјави минатата година дека основниот модел на ИЛРС, со јужниот пол на Месецот како централна точка, ќе биде изграден до 2035 година.
Ву изјави дека прашањето на енергетското напојување е клучно за ИЛРС, истакнувајќи дека Русија има природна предност во нуклеарната технологија, посебно кога станува збор за нејзино испраќање во вселената.
„Се надевам дека овој пат двете земји ќе успеат да испратат нуклеарен реактор на Месецот“, изјави Ву за Ројтерс.
Серијата на лансирања на Чанг сонди ќе биде дел од фазата на изградба на тој „основен модел“ на станицата, како што најави Ву. Во иднина, Кина планира да започне и проект „555“, со кој ќе повика 50 земји, 500 меѓународни научни институции и 5.000 странски истражувачи да се придружат на овој глобален вселенски истражувачки потфат.
ИЛРС е замислен како меѓународен научен центар на новата генерација, кој може да ја обликува иднината на истражувањето на Месецот и вселената во целина. Во секој случај, светот влегува во нова ера на развој на Месецот, во која Кина и Русија, по се изгледа, ќе играат клучни улоги.