Русија уништи голем енергетски објект во Харкив

Русија ја нападнала електроенергетската мрежа и други енергетски постројки, истовремено продолжувајќи ја офанзивата во Украина, во период кога се соочува со притисок од САД да обезбеди мир

Руските сили уништиле голем енергетски објект во Харкив, вториот по големина град во Украина, изјави денеска градоначалникот Ихор Терехов.

Русија ја нападнала електроенергетската мрежа и други енергетски постројки, истовремено продолжувајќи ја офанзивата во Украина, во период кога се соочува со притисок од САД да обезбеди мир. Терехов, кој се огласи преку апликацијата Телеграм, не прецизираше за каков објект станува збор, но истакна дека итните служби работат на терен 24 часа на ден.

Харкив, кој се наоѓа на само 25 километри од руската граница, редовно е цел на напади со дронови, ракети и наведувани бомби во војната која следниот месец влегува во својата петта година. Регионалниот гувернер Олех Синехубов изјави дека властите сè уште се обидуваат да го проценат обемот на штетата предизвикана од нападот.

Прекините во снабдувањето со струја, греење и вода во поголемите градови се влошија во изминатата недела, додека Украина се справува со студениот бран кој дополнително го оптовари веќе ослабениот енергетски систем. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека околу 300 станбени згради сè уште се без греење, откако нападот на 9 јануари ја уништил инфраструктурата за половина од висококатниците во градот.

Русија исто така ги засилила нападите врз пристаништата во јужниот регион Одеса. Во денешниот ракетен напад едно лице е повредено, а оштетени се и бродски контејнери во градот Чорноморск, изјави заменик-премиерот Олексиј Кулеба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни