Руските противвоздушни сили во текот на ноќта уништиле 32 дрона кои, според официјалните информации, летале кон Москва. Веста ја објави градоначалникот Сергеј Собјанин, нагласувајќи дека системите за ПВО „прават сè што е можно“ за заштита на главниот град, пренесе РИА Новости.
Аеродромите во прекин
По нападот, неколку московски аеродроми привремено го запреле сообраќајот, а дел од летовите биле пренасочени или одложени. Прекинот траел неколку часа, додека екипите на службите за итни ситуации работеле на местата каде што се претпоставува дека паднале остатоците од дроновите.
Службите на терен
Собјанин објави дека екипите за итни интервенции и спасување се распоредени на повеќе локации во околината на Москва, со цел да ја проценат материјалната штета и да спречат можни последици од паднатите остатоци.
Иако руските власти редовно пријавуваат вакви инциденти, за овој напад засега не се наведени информации за евентуални повредени или оштетувања на инфраструктурата.
